Nagradna igra
Освежено 22:32:58
Сабота, 05 Февруари 2011

spacer

Сподели
Споделете ја веста и добијте книга.
Доколку споделувате повеќе вести, шансите за добивка се поголеми.

Уште осум украински автобуси пристигнаа во Македонија.

nov-avtobus500

Заклучно со тоа пристигна првата пратка на 15 од вкупно 84 автобуси, кои ќе бидат наменети за градските улици во Скопје.

Автобусите се од украинскиот производител  ЛАЗ „Лавовски Автобусни Заводи“ – Лавов. Осумдесет од нив ќе бидат единечни, а четири дупли. Автобусите се нископодни, со црвена боја, долги 12 метри, со капацитет за сто патника, од кои 69 места се за стоење и 31 за седење.

На сите автобуси ќе биде извршена хомологација на Машинскиот факултет, а потоа Министерството за транспорт и врски треба да ги предаде на Град Скопје, а тие на ЈСП Скопје. Оваа процедура би требало да трае околу десетина дена, а потоа ќе биде направена и првата официјална промоција на автобусите.

Останатите автобуси ќе се очекува да пристигнат до октомври оваа година.

Набавката на автобусите чини 11 милиони евра. Автобусите имаат автоматски менувач, клима, топли водни греачи и дисплеј покажувачи на правец.

Со оваа пратка возниот парк на ЈСП ќе се обнови за една четвртина.

Градот Скопје за две години ќе го обнови целосно возниот парк, вклучувајќи ги двокатни автобуси кои се произведуваат во Кина.

  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Став

Анализа

Анкета

Кој е најдобриот трансфер во зимскиот преоден рок?

Анализа

Интервју со Коце Трајановски

Македонија

Свет

Република

News image

Османи и Јанкулоска ја посетија болницата во Тетово

Увид во можностите на тетовската клиничка болница како регионален центар и разгледување на новата инст...

Спорт

News image

Нојер го спаси Шалке во Дортмунд

Големото дерби во Германија меѓу Борусија Дортмунд и Шалке заврши без голови, благодарение на гостински...

Магазин

News image

Приказна за смислата на животот

Еден професор стоел пред група студенти на час по филозофија и држел некои предмети пред себе. Кога за...